,,ПОЧИТУВАЈ, ТОЛЕРИРАЈ, СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, А СЕПАК ИСТИ,,
18-11-2013 РЕГИОН

Почитувај толерирај, сите сме различни, а сепак исти е мотото на денешната активност организирана од ПС од ОН Кавадарци, со цел да се одбележи денот на толеранцијата и светскиот ден на детето. Активни соработници на Полицијата во целиот настан се основните училишта од Кавадарци и Росоман, а домаќин беше ОУ Пере Тошев на чиј спортски терени се играа традиционалните детски игри. 

Преку овој настан и игрите во истиот се обидуваме да ги потикнеме младите на толеранција и меѓусебна почит, вели Димитар Каракулев испектор за превенција.

 

Колку е присутна толеранцијата меѓу  учениците во ОУ Пере Тошев во Росоман и колку училиштето одвојува време за оваа тема еве го ставот на директорот Зоран Јовановски.

 

Традиционалните игри денес ги потсетија помладите генерации на игрите со кој нивните поголеми другари го поминаа детството.Многумина од нив ја сакаат царицата, играењето со јаже и секако спортот, за останатите само слушале од раскажувањето на повозрасните.

 

Подршка кон организацијата на Полицијата оддел за превенција и дадоа сите основни училишта од Кавадарци и Росоман, а целиот настан е под покровителство на двете локални самаоуправи.

М.М



Share

Додади коментар