Mотоциклист повреден во Неготино

 

Шеесет и четири годишниот Т.П од Неготино се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил марка „Даеву Тико“ информираат од СВР Велес.

 

Сообраќајната незгода се случила вчера на улицата „Партизанска“ во Неготино. Автомобилот бил управуван од Е.В (43) од Неготино, а мотоциклот од Т.П.

 

„Повредениот возач на мотоциклот е пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино каде му се констатирани тешки телесни повреди“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

   Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.

 

A.Д

Додади коментар