Aвтомобил удрил во столб од улично осветлување

 

Патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки вчера во утринските часови удрил во столб од улично осветлување, информираа од СВР Велес.

 

Автомобилот бил управуван од 23 годишниот Б.П од Кавадарци, а од ударот со повреди се здобилa сопатнчката  24 годишната Е.П исто така од Кавадарци.

 

„На повредениот сопатник лекарска помош му е укажана во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, а увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица со општа надлежност Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

А.Д

Додади коментар