55 нови ковид позитивни, меѓу нив уште тројца здравствени работници
30-11-2020 РЕГИОН
И во последните 24 часа се евидентира висок број на нови позитивни на корона вирусот во Тиквешијата - потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.
 
*Кавадарци   30
*Росоман        4
*Неготино     18
*Д.Капија       3
 
„Новите позитивни се на возраст од 8 до 75 години. Меѓу нив има уште тројца здравствени работници“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
 
 
На ковид одделот во кавадаречката болница хоспитализирани се заклучно со вчера 36 пациенти со средно-тешка клиничка слика и се во стабилна општа состојба.
 
Во Кавадарци активни се 496, а вкупно се дијагностицирани 1247 позитивни на вирусот. 
 
А.Д


Share

Додади коментар