18 години од загинувањето на војникот Блашко Толев
01-07-2019 РЕГИОН

Денеска се навршија 18 години од загинувањето на војникот Блашко Толев од селото Марена. По повод годишнината од неговата смрт роднини и пријатели, делегации од локалната самоуправа, АРМ, сојузот на борци и жители на селото положија свежо цвеќе на спомен бистата во Марена.

 

Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во Кавадарци. Завршува осмо одделение. Во октомври 2000 година заминува да го изврши долгот и го одслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип.

 

Кога започна воениот конфликт 2001 година, тој активно зима учество во борбите во Тетовско и Кумановско. Откако замина војник, само еднаш дојде на два дена, за Велигден.

 

Не користеше редовно отсуство, очекувајќи порано да го пуштат. Во петокот, на 29 јули 2001 година, бил кај командантите и побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го ослужил. Му кажале дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочека вторникот и загинува на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.

 

Блашко Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на само 20 години го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Вечен останува споменот како и паметникот над неговиот гроб во кавадаречкото село Марена.

 

 

 

Додади коментар