12 нови заболени од Covid19 во земјава

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче.

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (88)
- Дебар (40)
- Куманово (8)
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)

 

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.



Додади коментар