1,1 милион евра доби Кавадарци за проект за поврзување на локални патишта
16-10-2020 РЕГИОН
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”на општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на РСМ преку заемот на Светска банка, кој ќе се рализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура - информираат од локалната самоуправа. 
 
 
Општина Кавадарци аплицираше со проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и ”Илинденска” во тендер 1, реконструкција на улиците “Западен булевар” и “Дисанска”во тендер 2 и реконструкција на “ пат од с.Ресава до брана Тиквеш”во тендер 3.
Согласно одлуката од Влада на Република Северна Македонија за алоцирање на средства од договорот за заем за “Проектот за поврзување на локалните патишта” на општина Кавадарци  и се доделени средства во износ од 1.112.010.21 €. 


Додади коментар