(ФОТО) Нов семафор во Кавадарци на раскрсницата на булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“
06-12-2017 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци деновиве го реализира новиот сообраќаен проект со кој градот ќе добие ново семафорско регулирање на сообраќајот. Станува збор за подобрување на безбедноста на сообраќајот на раскрсницата меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“ информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

 

Во соопштението се наведува дека градежната оператива вчера работеше на ископ на канали за поставување на подземната електро инсталација, после што ќе следи наредната фаза на поставување анкери за столбовите на кои ќе се постават светлечките семафорски единици.

 

Ова ќе биде шестата раскрсница во Кавадрци каде сообраќајот ќе се регулира со семафор. Согласно проектот ќе бидат поставени вкупно 10 столбови од кои 6 за возачи,12 за пешаци и 4 одбројувачи на време.

 

 

Вкупната инвестиција чини 1.500.000 денари со ДДВ. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје. Се очекува семафорот да биде предаденво употреба до крајот на месецот.

 

Инаку Општината во наредниот период ќе го пуштиво употреба третиот пешачки-училишен семафор пред ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

 

Општината очекува со овие две нови семафорски решенија во големамера да се обезбеди побезбедно регулирање иодвивање на сообраќајот низ градските улици

 

Додади коментар