(ВИДЕО) Целосно е реновирана противпожарната зграда во Кавадарци
05-03-2019 РЕГИОН

 

Неспоредливо подобри услови за работа добија кавадаречките пожарникари откако целосно заврши реконструкцијата на противпожарниот дом.  Општината за реновирање потроши 11 милиони денари. Денеска градоначлалникот Митко Јанчев беше во посета на против пожарната единица, каде можеше да се запознае со новите услови за работа на пожарникарите.

 

Јанчев најави дека ќе продолжат инвестициите за модернизација на опремата на пожарникарите, но и ќе иницира после претседателските избори да се покачат нивните плати.

 

 

За само два месеца од 2019 година пожарникарите од Кавадарци имале 109 интервенции, претежно на отворен простор. Се апелира до несовесните граѓани кои палат огнови на отворено и ги оставаат неконтролирано да ги променат овие навики, бидејќи само вчера имае пет такви интервенции.

Командирот на ТПЕ Кавадарци, Александар Чадамов искажа задоволство од новите услови за работа и поголема мотивираност кај пожарникарите за работа.


А.Д

 

Додади коментар