(ВИДЕО) Фондацијата „Никола Јанчев“ денеска додели 10 стипендии на студенти од Кавадарци
19-12-2019 РЕГИОН

Денеска фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци. Девет месеци студентите ќе добиваат по 8.000 денари. Најголем дел од средствата се од градоначалничката плата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој несебично ја донира за помош на луѓето на кои им е потребна помош. Свои средства во фондацијата донира и компанијата „Кожувчанка“.

 

На јавниот повик имаше 45 апликанти со одлични постигнати резултати во своето образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од фамилии со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000 денари бруто по стипендист. Вкупниот фонд кој ќе се додели по овој повик изнесува од 720.000 денари бруто износ.

 

Додади коментар