(ВИДЕО) Ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци подготвено ги пречека учениците
01-09-2016 РЕГИОН

Подот на собите и ходниците е целосно реновиран. Ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ од Кавадарци подготвен ги пречека учениците кои од повеќе градови во земјава се образуваат во Кавадарци. Од оваа година условите за згрижување на учениците се далеку подобри, споредено со минатите години. Таму целосно е реконструиран подот на собите и на ходниците.

 

Денеска ученичкиот дом го посети и градоначалникот Александар Панов. Тој нагласи дека со финансиски средства од општинскиот буџет се заврши реконструкцијата и дека и за следната година ќе бидат доделени финансии за ученичкиот дом.

 

Директорката на ученичкиот дом, Трајанка Толева рече дека за реконструкција на подот се потрошени 400 илјади денари.  A.Д

 

 

 

 

 

Додади коментар