(ВИДЕО) Сите возила кои влегуваат во Кавадарци ќе се дезинфицираат - заседаваше кризниот штаб
20-03-2020 РЕГИОН

 

Денеска заседаваше кризниот штаб на општина Кавадарци. Веднаш се започнува со дезинфекција на сите возила кои влегуваат во Кавадарци. Ќе бидат поставени три пункта, на влезовите во градот. Градоначалникот Митко Јанчев на прес конференција информираше дека состојбата будно се следи и дека се набавени потребните количини на средства за дезинфекција.

А.Д

 

 

На состанокот беа донесени следните заклучоци и мерки:

  1. Службите на ЈП Паркинг да ги дезинфицираат сите банкомати и други слични апарати со средство за дезинфекција на секои 30 до 40 минути.

 

  1. Согласно заклучокот од 23 та седница на Влада на Република Северна Македонија општинскиот штаб за заштита и спасување препорачува на жителите на Општина Кавадарци да ги почитуваат сите препораки и да се избегнуваат сите групирања над 5 лица. Во однос на овие заклучоци за територијата на Општина Кавадарци препораката е да не се групираат над 5 лица во викенд населбите Моклиште, споменикот на 12 Ваташки младинци и викендиците на Тиквешко езеро. На овие места ќе има редовна контрола од ОВР Кавадарци.

 

 

  1. Почнувајќи од денес , на трите влезови во градот ќе се постават пунктови за дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во градот и транзитираат. На пунктовите ќе бидат дежурни лица од Шумско стопанство Бор Кавадарци, Дирекција за заштита, Територијална противпожарна единица, ЈП Комуналец, инспекциско одделение на Општина Кавадарци, Мој општинар и ОВР Кавадарци.

 

  1. Претставници од надлежните институции за спроведување на мерките:

-         ОВР Кавадарци – Командир Сашко Димовски  

-         ТППЕ Кавадарци – Командир Александар Чадамов

-         Национални шуми подружница Бор -  Шеф на одделение за заштита на шуми Петко Ристовски

-         Дирекција за заштита и спасување –  Раководител Драган Котев

-         Центар за управување со кризи – Советник Виолета Јованова

-         Општина Кавадарци – локална самоуправа – инспектор за животна средина  Доне Илов , Раководител на инспекциско одделение Драган Рамов

-         ЈП Комуналец – Раководител на сектор за хигиена Петар Камчев 

Додади коментар