(ВИДЕО) СДСМ: Здравството има капацитет, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита
02-06-2020 РЕГИОН

„Македонското здравство има капацитет и понатаму , како и досега, добро да се справува со коронавирусот, но потребно е граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита“ - рече меѓу другото на денешната прес конференција д-р Диме Коцев, член на ИО на СДСМ и директор на кавадаречката болница. Посочи дека зголемениот број на нови позитивни во земјава се должи на игнорирањето на кршењето на рестриктивните мерки од министерот Чулев.

 

 

(интегрален текст) Имено , во изминатиот период утврдивме дека капацитетите на здравстените установи во државата , во голем дел се неискористени , односно дека имаме само мал број на нови хоспитализирани лица во истите. Ова значи дека новозаболените од КОВИД 19 се без или со многу лесни симптоми на болеста.

Меѓутоа , во оваа битка , во периодот кој следи најважно е сите ние да им помогнеме на здравствените работници, односно да не го преоптовариме здравствениот систем , со целоснои доследно почитување на пропишаните мерки.

Во моментов пред нас преостануваат две опции : Или да се вратиме назад и повторно да живееме со рестриктивни мерки, вклучувајќи карантин и полициски час , Или сите целосно да се посветиме на почитување на мерките : да одржуваме хигиена на рацете , да носиме лична заштитна опрема ( маска , шал , марама ) секогаш кога треба , да држиме физичка дистанца , да не се групираме итн.

Доколку секој од нас целосно ги почитува мерките , бројот на новозаболени ќе биде со тенденција на опаѓање , како во периодот кога сите се однесувавме одговорно и доследно ги почитувавме истите.

Сите овие поголеми бројки на кои сме сведоци деновиве , се директна последица на неколку фактори:

Првенствено, но и најмногу од непрофесионалното и намерно неефикасното работење во спроведување на мерките од страна на Министерот за внатрешни работи .

Прекршувањата на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час за кои беше сведок целата јавност, немо беа игнорирани од страна на Чулев. Со тоа истиот свесно го загрози јавното здравје и активно придонесе денес да имаме вакви бројки.

Како второ , сосгласно известувањето од Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Доброто во цела оваа ситуација е што кластерите се семејни и дека тие се под контрола.

Сите ние треба да знаеме дека нови случаи од КОВИД 19 ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и на есен, но важно е тие да бидат што помалку, за да се избегне преоптовареност на здравствениот систем.

Секојдневното неуморно работење на здравствените работници и соработници , на чело со Министерот за здравство е исклучиво насочено кон подобро здраје и благосостојба на сите наши граѓани.

Грижата за здравјето на граѓаните е наш приоритет !

Само заедно , сплотени , преку доследно и одговорно однесување во склад со протоколите, мерките и препораките, ќе го надминеме овој предизвик на денешницата.

 

 



Додади коментар