(ВИДЕО) Прес СДСМ: Платите во образованието растат
11-11-2019 РЕГИОН

„Платите во образованието растат, а тоа е еден од клучните приоритети на владата“,  беше речено меѓу другото на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци.

 

 

(интегрален текст) Почитувани просветни работници,  Еден од клучните приоритети на оваа Влада предводена од Премиерот Зоран Заев е покачување на платите.

Како потврда дека сме на “ На Прав Пат“ е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.

 

Ова претставува трето покачување на платите кај вработените од основното, средното и високото образование, откако две години по ред со септевриските плати добија покачување од по 5 проценти.

 

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз за нецел мандат успеа на наставничкиот кадар да им ја зголеми платата од над 20 проценти.

 

Ова ја покажува грижата на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз кон подобрување на образновниот процецес, преку поставување на дигнитетот на наставничкиот кадар на едно повисоко ниво.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме.

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар