(ВИДЕО) Наградени најдобрите ликовни творби на тема „Стоп за насилството помеѓу учениците“
03-12-2018 РЕГИОН

 

 

Денеска во просториите на кавадаречката полиција беа доделени награди и признанија на ученици од основни и средни училишта од Кавадарци, Неготино и Росоман за најдобри творби на ликовниот конкурс на тема „Стоп за насилството помеѓу учениците“.

 

Овој конкурс беше распишан по повод 9 ти декември - денот на превенцијата во МВР со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Македонија. На настанот присуствуваа и градоначалниците на Kaвадарци, Митко Јанчев и на Неготино, Тони Делков.

 

С.Д

 

Додади коментар