(ВИДЕО) Креативноста на децата со посебни потреби на изложба во Кавадарци
17-05-2017 РЕГИОН
Креативноста на децата со посебни потреби од дневниот центар „Свети Кирил“ од Скопје и нивните гости уметници денеска беше на увид на кавадарчани. Беше отворена хуманитарна изложба на мозаици, цртани шишиња и чаши, рачно плетен накит и слики.
„Децата со посебни потреби сакаат љубов и внимание. Во нашиот центар постојано работиме со децата и имаме одлични резултати во нивниот развој – вели управителот на дневниот центар Олгица Ѓеоргиева.
Многу е мала подршката од државата за децата со посебни потреби – вели Ѓеоргиева.
Меѓу изложувачите беа и Розе Мојсовска, сликарката која слика со уста, таа е горда на своите дела и како што вели божјата дарба.
А.Д

Додади коментар