(ВИДЕО) Кавадаречкиот театар со нова хит претстава - „Пасивно пушење“
22-06-2018 КУЛТУРА

 

Откако два месеци интензивно го крчкаа во сопствената кујна кавадаречкиот театар на публиката вчера и го понуди на тацна своето ново чедо претставата „Ужасите предизвикани од пасивното пушење“ . Работена по текстот на Небојша Ромчевиќ, а во режија е на харизматичниот Јордан Витанов претставата е вистинска комедија која ја исмева европската бирократија во која толку многу се крстат балканските политичари, Актерската екипа, овој пат беше исклучиво машка, со само една женска кратка скајп видео презентација.

 

Кај актерите на сцената можеа да се забелеат три генерации. Средната со главна улога. Диме КОЦЕВСКИ повторно бриљираше во улогата на главниот лик Атанас. Неговата сценска гестикулација текст исполнет со вулгаризми и сочни пцовки го одржуваа духот на комедијата на оваа претстава. Одлична беше и помладата генерација на сцената овој пат застапена со Диме Боцев и Видан Станоев.

 

Беспрекорно ги исполнија сите задачи на режисерот Витанов но и на самата сцена. Станоев дури успеа да се клонира во уште плус два лика и буквално одигра три улоги. Актерските ветерани Љушчо Настов и Коле Колев овој пат како морално сценска и инспиративна подршка му дадоа посебен шмек на финалето на претставата. Се што би напишал понатаму би било вишка и без потребно. Затоа едноставно имате одлична препорака да ја погледнете новата хит претстава на кавадаречкиот театар и самите да се уверите дека се што е погоре кажано е само скромна вистина

 

За крај само ке цитирам – дека конечно дојде времето да се сменат работите, и наместо актерите да и се поклонуваат на публиката публиката треба да им се поклони ним, затоа што аплаузот е премалку за луѓето кои од љубов кон градот ја чуваат честа на кавадаречкиот театар.

 

М.В

 

Додади коментар