(ВИДЕО) Две вонредни седници на кавадаречкиот совет
19-08-2019 РЕГИОН

Едногласно кавадаречкиот совет денеска, во рамки на 10-та вонредна седница донесе одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка. Градинката ќе се гради на ул. „Ресавска“, а градоначалникот Митко Јанчев даде образложение за итноста на седницата.

 

Јанчев нагласи дека со изградбата на целосно нова градинка, која се случува после 30 години, ќе бидат згрижени 160 деца и во наредниот период сите деца ќе бидат згрижени во градинка.

 

Денеска советот ја одржа и 11 та вонредна седница, на која едногласно беа донесени две одлуки кои се однесуваат на работењето на ЈП „Паркинг“. Со првата одлука се даде согласност за задолжување, а со втората гаранции за задолжување.

 

Додади коментар