(ВИДЕО) ГФК Тиквеш стартува со подготовките за претстојната сезона
05-07-2018 СПОРТ

 

 

Фудбалерите на ГФК Тиквеш 1930 вчера ја имаа првата прозивка со што го означија стартот на подготовките за новата сезона. На новиот шеф на стручниот штаб Љупчо Димитковски Гањо на прозивката му се одзваа 24 фудбалери. Недостасуваа Лазарев , Ангелков , Сиомонов, Шоповски и браќата Дукови кои се ослободени од обврските кон клубот.

 

Нови имиња се Александар Игевски, Чаволи Андриан, Дарко Дигаловски,Борче Димовски, Васко Митрев и Александар Вареловски.

 

Претседателот на Управниот одбор на ГФК „Тиквеш„ Миле Масларков, ги запозна играчите со амбициите и текот на подготовките

И новиот тренер Љупчо Димитковски Гањо укажа на неговите очекувања од актуелниот играчки ростер.

М.В

 

 

Додади коментар