(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Китев ветуваа пумпни станици за надоднување на површини во Ресава и Брушани и излагаа
21-01-2020 РЕГИОН
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска на прес конференција обвини дека пратеникот Бетиан Китев и СДСМ ги излагале граѓаните ветувајќи изградба на пумпни станици за наводнување на земјоделските површини во атарот на селата Ресава и Брушани. До денеска тоа останало само ветување.
 
 
(интегрален текст)Лагите на СДСМ немаат крај. Поминаа 5 години, СДСМ сеуште лаже и сеуште СДСМ се залажува дека може да ги изманипулира граѓаните со истите проекти во Кавадарци.
 
 Бетијан Китев во 2014 вети наводнувачки систем со пумпни станици во местото викано Пржолата со кој ќе се наводнуваат над 600 хектари површина во атарот на селата Ресава и Брушани.
 
Најверојатно СДСМ ќе го ветува истото и сега.
 
 Имаа цели 3 години да го реализираат овој проект, но од проектот нема ни П.
 
 Од сето она што го ветуваа СДСМ и Бетијан Китев во 2014 останаа само лагите и измачените лица на земјоделците во атарот на овие населени места.
 
 СДСМ во предизборието ветуваше мед и млеко, трчаа по граѓаните и ветуваа се што ќе им текне на принципот: Што сакаш, тоа ќе ти исполниме.
 
 
Денеска од власта на СДСМ можеме да видиме само молк и бегање од одговорност.
 
 
Почитувани кавадарчани,
 
 
Нема ветување што го исполнија. Се што ветија, се излажаа. Сега повторно ќе ви доаѓаат ќе ви ветуваат, ќе ве манипулираат и ќе ве лажат, вие самите најдобро знаете дека ништо нема да реализираат.
 
Доаѓа обновата на Македонија. Доаѓа време кога ќе треба да се сноси одговорност пред граѓаните за се она што е излажано. Доаѓа време кога после 12 април ќе се реализираат сите неопходни проекти за граѓаните со прецизни рокови.
 
СДСМ никогаш повеќе нема да биде на власт, а Зоран Заев никогаш повеќе нема да биде премиер.p

Додади коментар