(ВИДЕО) Владиката Агатангел на литургија во црквата Св.Богородица во Ваташа
24-05-2017 РЕГИОН

 

По повод празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во црквата посветена на „Успение на пресвета Богородица“ во селото Ваташа се отслужи света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот на Повардарската епархија г.Агатангел со свештено служители од епархијата.

 

На литургијата присуствуваа голем број верници од Ваташа.

Владиката во своето обраќање пред верниците се осврна на големото значење на двајцата браќа просветители.

 

Митрополитот на повардарската епархија им забележа на просветните работници што не го чествуваат овој ден достојно и не им оддаваат соодветна почит на Свети Кирил и Методиј.

 

Владиката се осврна и на актуелната политичка состојба во земјава. Побара од верниците да ја отфрлеле т.н тиранска платформа со цел да си ја сочуваат државата.

 

А.Д

 

 

Додади коментар