(ВИДЕО) Археолошките пронајдоци од “Мали дол“ на изложба во Неготино
17-10-2018 КУЛТУРА

 

54 предмети изработени од керамика, метал, стаклена паста се претставени на изложбата на археолошки пронајдоци од локалитетот “Мали дол“ кај селото Тремник - Неготино.

 

Се работи за урни, накит, чинии и чаши и слично, кои потекнуваат од праисторискиот и средновековниот период. Предметите се резултат на деветгодишното систематско истражување на локалитетот, под раководство на Александра Папазова, кустос-советник и доктор по археолошки науки од НУ Археолошки музеј на Македонија.

 

Додади коментар