„Југо“ слета во реката Луда Мара - еден повреден

 

Едно лице е повредено вечерва во сообраќајната незгода што околу 21 часот се случи во Ваташа .

Автомобил „Југо“ излета во коритото на реката Луда Мара, во близина на спомен куќата на Страшо Пинџур.

Во моментов екипи на кавадаречката полиција вршат увид на местото на незгодата.

Од итната медицинска помош добивме информација дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата. Ќе се вршат дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба.

 

А.Д

Додади коментар