Празнувањето на грозјето и виното во Кавадарци од вчера и официјално започна. Манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ која по пауза од две години, поради ковид пандемијата, од вчера стартуваше и со богата програма ќе се реализира до утревечер. Започна уште една приказна под отворено небо – вели организаторот.
Стартуваше со трка на келнери на градскиот плоштад. Најдобар меѓу учесниците на ова натпреварување беше деветнаесет годишниот Гоце Ризов, келнер во „Брик бар“ во Кавадарци. Организаторот за освоеното прво место му додели парична награда и медал.
од настапот на Зи бомв
Музичкиот дел од манифестацијата го започна „4 band“, а во вечерните часови за најмладите настап имаа „Зи бомб“ и „Нучи и Војаж“.
Градскиот плоштад беше исполнет. Кавадарчани и денеска и утре се домаќини на оваа забавно културна манифестација.
Денеска започна „таблијадата“. Пријавени се голем број учесници, а табла заигра и градоначалникот Митко Јанчев. И овој настан се одржува традиционално за време на Тиквешкиот гроздобер.
таблијада
Градска рута возеа точакџиите, а беше отврена и изложба „Крал на алкохолот“ – фото-документарен проект, кој вклучува визуелна изложба на фотографии, прикажувајќи го традиционалниот кафеански живот во Тиквешкиот регион, со фокус на градот Кавадарци.
изложба „Крал на алкохолот“ во „Брик бар“
За најмладите настап имаа учесниците во детскиот фестивал „Гроздоберче“.
Забавата продолжува во текот на денот со богата музичка понуда. Вечерва ќе настапат Игор Џамбазов со Гуру харе, Огнен Здравковски и балканската ѕвезда Харис Џиновиќ.
Утрешниот гроздоберски ден почнува со изложба на олд тајмери. Ќе се одржи карневалското дефиле со голем број учесници од Кавадарци, Македонија и соседните држави. Вечерта настапуваат Антониа Гиговска и Горан Бреговиќ.
Од СВР Велес информираа дека ги преземаат сите мерки за манифестацијата да помине без проблеми и нарушувања на јавниот ред и мир.
„Поради големиот број културни настани, особено во централното градско подрачје ги известуваме граѓаните дека ќе има измени во режимот на сообраќај, а движењето на возилата ќе се пренасочува по забиколните улици“ - стои во соопштението од СВР Велес.
Ангел Данов

Додади коментар