„Играј фер и веќе си победник“
15-11-2014 РЕГИОН

Со игра и забава да се покаже колку е важно почитувањето на правилата во секојдневието.. Тоа е целта на советот за детско престапништво на активноста „играј фер и веќе си победник“ која се реализираше во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес..

45 ученици, родители и наставници покажаа дека почитувањето на правилата е поважно отколку победата.

 

„Проблемот до сетското престапништво постои ,но не е лесно да се превенира. Во тој процес се вклучени многу институции ,а ние како образование тоа го правиме преку зголемување на капацитетите и вештините кај децата и родителите како и зголемување на свесност за постоење на детско престапништво„вели Билјана Митева член на совет за превенција на детско престапништво.

 

Спортските активности се дел од напорите на советот за намалување на детското престапништво во градот.  Надлежните велат дека со реализицијата на годишниот план очекуваат значително да се намали бројот на пријави поднесени против малолетници.

 

„Активностите кои ги превзема Советот за детско престапништво се многубраојни. Ние веќе реализиравме дел од нив. Сакам да ги започнаам глаѓаните дека функционира нашата веб страна на која може да се информираат за тие активности ,секако тука е и брошурата која е достапна за сите„вели Каролина Попова член на советот за превенција.

 

Освен учениците во реализацијата на проектот учествуваа и нивните родители како и наставниците за се покаже колку е важно да се почитуваат правилата.. Се смета дека постојаниот надзор од родителите ќе спречи девијанто однесување кај младите.

 

Инаку освен ученици од „Блаже Конески“, во спортските активност учествуваа и ученици од основното „Благој Кирков“.

Зоран Јаневски 

Додади коментар