ЏИ СОЛ со нова понуда до транспортерите - тие не прифаќаат делумна отплата на долот
26-02-2018 РЕГИОН

 

Транспортерите кои пренесуваа руда за „Фени индустри“ сеуште се во неизвесност дали ќе ги добијат своите побарувања од околу 4 милиони евра што ги има комбинатот кон нив.

 

Денеска се огласија претставниците на Џи-сол, Еуроникел, и преку соопштение информираа дека се подготвени да ги покријат побарувањата на транпсортерите.

 

„Еуроникел Дооел Скопје, претставништво на ГСОЛ е подготвен да покрие2 милиони евра од вкупните побарувања на транспортерите кон Нова Логистика и веднаш да ги ангажира за тековните транспортни потреби на фабриката, а останатите 1.1 милион евра ќе се исплатат во рок од 12 месеци по завршување на стечајната постапка. Во однос на цените на превозот, истите ќе бидат согласно стандардните на релација Кавадарци-Солун, што ги плаќаат кавадаречките фирми, а роковите на плаќање на 15 дена“ се вели во посменото обраќање од претставникот на ГСОЛ и се повикуваат заинтересираните кавадаречки транспортери да ги контактираат со цел да потпишат спогодба под условите што се нудат.

 

Во писменото обраќање исто така се наведува дека „ Еуроникел “ бил со цел да им излезе во пресрет на незавидната финансиска состојба на кавадаречките Транспортери-Кипери, но и да гради долгорочни деловни релации со истите.

 

Од здружението на транспортери не прифаќаат делумна отплата на долгот. Ако не им се исплатат побарувањата, тие од средината на неделата повторно ќе излезат на протест.

A.Д

Додади коментар