Јубилејно издание: Младите уменици од Кавадарци и нивни гости
03-10-2019 КУЛТУРА

Пред точно дeсет години група млади уметници вљубеници во уметноста, со голем ентузијазам се реши да во едно т.н. “време невреме“ кога транзицијата во општеството бешена самиот врвот - да презентира еден мал дел од своето работење на еден неформален начин.

Во време на криза се појави потреба од дебата против конвенционалното и традиционалното. Без претензии за реформи и било какви прецизирања и ограничувања беше избрано презентирањето да биде по името “ МЛАДИ ЛИКОВНИУМЕТНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ И НИВНИ ГОСТИ “, како и воспоставениот термин “11 октомври“ симболички означувајќи нов почеток, голем елан, ентузијазам, “борба“ за слободно и творечко изразување кое му доликува на младиот идеалистички човек.

 

 

Таквата идеја спроведена во пракса избегнувајќи секакви шеми како и ограничувачки пишани документи , без институционален и хиерархиски систем и апарат се успеваше да се организираат изложби отсликувајќи ја предимствено нивната младост, желба за креативно изразување, без никакви стеги и ограничувања во слободата на творечкиот чин.Применувајќи го слоганот “СÈ Е ДОЗВОЛЕНО ШТО НЕ Е ЗАБРАНЕТО“ или да нема правила во изразувањето на творечката слобода успешно се реализираа изложбите и со годините растеше и бројот на учесници.

 

Во изминатиов период беа присутни многу експериментирања , имаше и недоразбирања , ама кога се работи за млади и полни со енергија луѓе тоа се подразбира но важно дека се надминуваше со помирување и усогласување. Сега во пресрет надесетгодишнината очекувањата се манифестацијата да биде подолгорочна. До кога? Па се разбира се додека има млади.Јубилејното 10 издание на изложбата на “ МЛАДИТЕ ЛИКОВНИУМЕТНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ И НИВНИ ГОСТИ “, ке се случи утре – петок 4 октомври со почеток во 19 часот во музеј галериојата на град Кавадарци

Додади коментар