Чувар во рудникот Р`жаново пронајден мртов

 

 

Шеесет и едно годишниот М.С од Кавадарци кој работел како чувар во рудникот Р`жаново е пронајден мртов вчера на пладне. Информацијата е потврдена од МВР.

 

 Првичните информации говорат дека немало траги на насилство врз починатиот шеесет и едногодишен М.С од Кавадарци.

 

„ Вчера околу 13 часот во рудникот Ржаново е пронајдено починато лице. Утврдено е дека се работи за човек од Кавадарци на возраст од 61 година вработен како чувар на објектот. Телото е предадено на судска медицина за обдукција“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Резултатите од обдукцијата треба да ја откријат причината за смртта на овој кавадарчанец на своето работно место.


А.Д

Додади коментар