Четири нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
10-09-2020 РЕГИОН

Тројца позитивни на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, а еден случај е потврден во Неготино, информираа од ЦЈЗ Кавадарци.

 

Станува збор за две жени и двајца мажи на возраст од 32 до 58 години.

 

„Лицата се со симптоми на домашно лекување. Работиме на утврдување на нивните контакти“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Додади коментар