Четири нови случаи на Ковид 19 во Тиквешијата, тројца се хоспитализирани
30-09-2020 РЕГИОН

По пауза од неколку дена повторно во Тиквешијата се дијагностицирани нови заболени од корона вирус. Сите се со симптоми.

 

Двајца заболени има во Кавадарци. Станува збор за сопружници на 68 и 72 години и тие се хоспитализирани на инфективно одделение во велешката болница. Еден случај има во Неготино. Маж на возраст од 55 години, исто така хоспитализиран во велешката боница.

 

„Во Росоман е дијагностицвиран еден случај. Станува збор за момче на возраст од 21 година. Има симптоми, но е на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Од почетокот на пандемијата заклучно со денес во Кавадарци се дијагностицирани 239 позитивни на вирусот, а во моментов активни се 42 случаи.

 

А.Д



Додади коментар