Целосно реализиран проектот за енергетска ефикасност во СОЗШУ во Кавадарци
09-09-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци во целост го реализира проектот за Подобрување на инфраструктурата и Енергетската ефикасност во СЗШУЦ „Ѓорче Петров“ Кавадарци - информираат од локалната самоуправа.


Во првата фаза беа извршени градежни активности за промена на кровната конструкција и поставување на нова термо фасада, а во последната фаза, постоечкото осветлување се замени со ново ЛЕД осветлување.


Овој проект е финансиски поддржан од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги-УНОПС во висина од 82.017 УСД, додека општината учествуваше со сопствени средства во висина од 3500 УСД.



Додади коментар