Хуманитарна мисија на вештите жени
26-05-2013 РЕГИОН

На калдрмата во дворот на манастирот Свети Димитрија ги поставија масите за да ги изложат и продадат најпознатите домашни слатки и производи од тесто, над 2.000 жени од Македонија. Производите се продаваат а приходот е наменет за црковно народната кујна во Велес. Активисти на здружението „Борка“ продаваа белегзии за да и помогнат на својата пријателка Маја Керова Бабунска.

Зелници, колпидиња,мјазници, погачи, кифли како и торти, суви колачи и парени благца донесоа вредните жени од 20 градови во државата за да учествуваат на тррадиционалната манифестација „Вешта етно “.

Производите се продаваа а приходот од продажбата ќе биде дониран на црковно народната кујна на Повардарската епархија во велес во која секојдневно се хранат 100 најсиромашни велешани.

„Одзивот е голем, им благодарам на сите жени кои дојдоа од Охрид  до Куманово, од Тетово до Струмица, од цела повардарска Македонија за да ја покажат својата хуманост и во исто време да се дружат. Тие ги подготвија традиционалните специјалитети од градот или регионот во кој живеат со цел да ги продадат и да им помогнат на граѓаните на кои навистина им треба помош. Очекувам да се соберат помеѓу 90 и 120 илјади денари и да се донираат во црковно народната кујна. Годинава домаќин е Велес а в година ќе биде Битола и таму ќе помогнеме некому,“ рече Снежана Стојанова од здружението „Вешта етно жена“ од Тетово.

На манифестацијата беше присутно и здружението „Борка“ чии активистки продаваа белегзии а собраните сретства ќе се уплатат за потребното лекување на велешанката Маја Керова Бабунска.

Извор. Дума.мк



Додади коментар