Уште една од низата успешни крводарителски акции
11-11-2014 РЕГИОН

Денеска беше успешно реализирана третата по ред доброволна крводарителска акција што кавадаречкиот црвен крст ја организира за студентите од дисперзираните студии во Кавадарци во рамки на универзитетот Гоце Делчев Штип, а по иницијатива на Ротари Клуб Кавадарци.

 

Крв освен студентите доброволно даруваа и повеќе ротаријанци кои уште еднаш ја покажаа својата несебична хуманост.Од нивно име за акцијата пред медиумите зборуваше актуелниот претседател доктор Драги Јованов, специјалист ортопед кои вели дека не само денеска крв дарува често.

 

Освен на оваа акција Ротари Клуб Кавадарци активно со уште неколку ќе ги помине и последните две месеци од годината.Еве со кој активности клубот ќе ја заврши 2014 година.

 

Освен ротаријанците од денешната акција задоволни се и претставниците на дисперзираните студии, црвениот крс и институтот за трансфузиона медицина чиј тим беше задолжен за професионална реализација на акцијата.

 

Милица Младенова

Додади коментар