Ученици од Германија изградија забавен парк во селото Марена
17-11-2015 РЕГИОН

Забавен парк добија најмладите во кавадаречкото село Марена. Го изградија средношколци од Германија кои пет дена претстојуваа во селото и активно работеа. Се користеше дрвото како примарен материјал за изработка на клупи, маси и лулки.

 

Средношколците на оваа активност работеа како дел од својата наставна програма, но покажаа дека за разлика од нашите средношколци се многу повеќе мотивирани за работа, одговрни и сите подеднакво ангажирани во работата. Не ги делеа работите на машки и женски. Сите со бор машините, моторните пили и шрафовите неуморно работеа пет дена.

 

Овој проект се реализира благодарение на организацијата „Куку култур“ од Германија и досега се направени неколку забавни игралишта низ светот. 

Претставникот на ова организација Лауде Преисиг искажа големо задоволство од можноста да го изградат игралиштето во Марена. Се пофали дека добиле несебична подршка и од месното население.

„Се работи за проект од социјален карактер. Секое дете плаќа да дојде и да работи овде, но и било каде и да реализираме ваков проект“ рече Преисиг. На нашето прашање дали би сакале да реализираат нова заедничка акција со средношколци од Кавадарци и Македонија тој искажа подготвеност за таков чекор. Се заблагодари за подршката од германската амбасада и компании од нивната земја, а очекува дека доколку се реализира нареден проект во Македонија ќе добијат подршка и од германската фабрика во Кавадарци.

 

„Како млад човек сакам да патувам, сакам да помагам и да бидам вклучен во вакви социјални проекти. Порано бев вклучен во слични проекти за собирање храна за сироманите, но во проект од вака голем карактер за прв пат учествувам. Овде е вклучена една од моите идеи, пирамида по која може да се качуваа младите, да се движат по мостовите кои ги правиме.едноставно да се забавуват.“ рече Леон, ученик во училиштето Весбаден од Германија.

Aнгел Данов

Додади коментар