Утре (четврток) е ден на жалост во Кавадарци
12-11-2014 РЕГИОН

По повод трагичната смрт на нашите сограѓани: Илија, Биљана и Снежана членови на семејството Леови, кои на ден 9.11.2014 година, ги загубија животите како жртви на семејно насилство, Градоначалникот Александар Панов, го прогласува утрешниот ден 13.11.2014 година, за ден на  жалост во Општина Кавадарци.

 

На денот на жалоста знамињата во општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје.

 

Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одложуваат.

Угостителските објекти кои се на територијата на

општина Кавадарци за време на денот на жалоста ќе емитуваат сериозна музика. - информираат од кабинетот на градоначалникот Панов. 

Инаку погребот на Леови ќе се изврши на градските гробишта во Кавадарци. Телата ќе бидат изложени во капелата во периодот од 11 до 12 часот.

 

 

Додади коментар