Утврден идентитетот на мртвата жена најдена во водите на Тиквешкото Езеро

 

Полицијата денеска го идентификуваше телото на мртвата жена која синоќа беше пронајдена во водите на Тиквешкото Езеро.

 

“Утврдено е дека се работи за Н.Ч.Ш (72) од Кавадарци. Медицинска екипа од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци изврши преглед на лицето и констатираше дека истотот е починато. Лешот е предаден на Институтот за судска медицина Скопје за обдукција. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци“ – информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Синоќа околу 20 часот во кавадаречката полиција било пријавено дека во месноста „Голеш“ на Тиквешкото Езеро е пронадено телото на Н.Ч.Ш.

 

Вчера во 07.00 часот во ПС ОН Неготино пријавено е дека во кругот на млинот „Декамел“ во с.Тремник - демиркаписко е пронајдено починато лице. Утврдено е дека се работи за М.Ј.(57) од Неготино.

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.

 

А.Д

 

Додади коментар