Успешна крводарителска акција во Фени индустри
12-12-2018 РЕГИОН

 

 

50 единици на крв беа собрани во текот на вчерашната крводарителска акција што се реализираше во комбинатот за производство на феро никел Фени индустри, информираат од ОО на Црвен Крст Кавадарци.

 

Акцијата е оцената за успешна а ја реализираше Институтот за трансфузиона медицина Скопје во соработка со компанијата и Црвен Крст.

 

Од кавадаречкиот Црвен Крст упатуваат благодарност за сите кои се вклучиле во вчерашната акција и доброволно даруваа крв за да му се помогне на луѓето кои имаат потреба од крв.

 

А.Д

 

Додади коментар