Успешна крводарителска акција во Кавадарци
17-06-2020 РЕГИОН

49 крводарители даруваа крв денес на крводарителската акција во домот на културата Иван Мазов Климе во Кавадарци, а во организација на Црвен крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.Кавадарчани уште еднаш ја покажаа својата голема хуманост и даруваа масовно од својата драгоцена течност која некому ќе спаси живот.

 

 Годишниот план за крводарување за двете општини Кавадарци и Росоман секоја година изнесува 1184 единици крв, а минатата 2019 година дарувани се  над 2000 крвни единици така што дарителите на крв од Тиквешијата се во редот на најуспешните во државата. Благодарност до сите крводарители и до домот на културата за отстапениот простор.

 

Сите крводарители на себе носеа заштитна опрема - маска на лицето, а им беше мерена и температура.



Додади коментар