Педесет и девет годишниот Зулфи Пашов од Кавадарци е убиен синоќа, откако бил прободен со остар предмет, потврдија за КТВ од МВР. На убиството му претходела физичка пресметка со повеќе лица, што се случила во „Брушанско маало“ во Кавадарци.
„На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Сафет.Х.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци. Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. “ информираат од МВР.
А.Д
Додади коментар