Тротоарите ќе се штитат од возачите
22-06-2015 РЕГИОН

ТРОТОАРИТЕ ОКОЛУ СУДОТ ПОВТОРНО ЌЕ ГИ КОРИСТАТ ПЕШАЦИТЕ.. ОПШТИНАТА ВОВЕДУВА РЕД ВО ПАРКИРАЊЕТО.. ПЕШАЧКИТЕ ЗОНИ ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВААТ СО МЕТАЛНИ П ЕЛЕМЕНТИ.. СПОРЕД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ, ОВА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА СЕ СПРЕЧАТ ВОЗАЧИТЕ СВОИТЕ АВТОМОБИЛИ ДА ГИ ПАРКИРААТ НА ТРОТОАРИТЕ.. НЕОДАМНА ВАКВИ ЕЛЕМЕНТИ СЕ ПОСТАВИЈА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ТРОТОАР ПРЕД СУДОТ.. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ СМЕТА ДЕКА НА ОВОЈ НАЧИН ЗНАЧИТЕЛНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА..

 

СО МЕТАЛНИ П ЕЛЕМЕНТИ, ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ЌЕ ГО ЗАШТИТУВААТ И ТРОТОАРОТ ПРЕД КОМПЛЕКСОТ БАНКИ.. ОВДЕ НЕ СЕ ПАРКИРААТ АВТОМОБИЛИ НО ЧЕСТО ПРЕКУ СКАПИТЕ ТРАВЕРТИНСКИ ПЛОЧКИ МИНУВААТ ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА.. ДУЌАНИТЕ ОД ОВОЈ РЕД ДОТУРОТ НА РОБА НАМЕСТО ОД ДОЛНИОТ ДЕЛ ГО ПРАВАТ ПРЕКУ ТРОТОАРОТ..

 

ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВЕЛАТ ДЕКА ПОСТАВУВАЊЕТО НА МЕТАЛНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ЌЕ СЕ ПРАВИ НА СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ КАДЕ СЕ УЗУРПИРААТ ТРОТОАРСКИТЕ ПОВРШИНИ.. ОСВЕН ВО ЦЕНТАР, ВАКВИ ЕЛЕЕМНТИ СЕ ПОСТАВЕНИ ПРЕД ТЕАТАРОТ И НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРТО КАЈ ПОРАНЕШНИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ..

 З.Ј

Додади коментар