Трибина на ВМРО-ДПМНЕ Неготино
18-10-2013 РЕГИОН

Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ од Неготино изрази благодарност и поддршка до Владата на Република Македонија за досегашните нејзини залагања во областа на образованието и информатичко-телекомуникациската технологија.

На трибината која се одржа синоќа во салата за состаноци при општинската зграда на Неготино, говореа млади членови на партијата коишто ја поддржуваат идејата за инвестирање во образованието и информатиката.

Од ВМРО ДПМНЕ – Неготино, додаваат и дека информатичко-телекомуникациската технологија е една од клучните алатки за подобро образование.

 

 

Е.Д

Додади коментар