Тренер, а не наставник извршил полов напад врз ученичката

Основниот суд во Велес изрече 30 дневен притвор за шеесет и осумгодишниот тренер Б.П од Кавадарци кој бил пријавен во средата во кавадаречката полиција дека извршил полов напад врз ученичка.

 

МВР информираше дека Б.П, кој бил тренер по стрелаштво на девојчето во повеќе наврати во последните три месеци вршел  обљуба врз тринаесет годишната ученичка.

 

Денеска со реакција се огласи и општина Кавадарци по информацијата која вчера беше објавена од сите медиуми за полов напад врз ученичка. Во реакцијата од локалната самоуправа се вели:

 

-       Во врска со насловот „Полов напад врз 13-годишна ученичка од наставник пријавен во Кавадарци“ кој беше објавен во средствата за јавно информирање, најодговорно го демантираме насловот, бидејќи истиот е неточен, тенденциозен и субјективен. Во написот каде е напишано дека „половиот напад е извршен од наставник“, ве информираме дека наводите се невистинити, бидејќи не станува збор за наставник, ниту пак актот за кој е покренато обвинение е извршен во училиште. Со ваквата информација, која вчера протече во средствата за јавно информирање неосновано се изврши атак врз нашата општина и училиштата, односно дезинформацијата која беше вака објавена, негативно се одразува на нашите образовни институции, со што дополнително се внесе непотребна паника кај родителите, се вели во писмената реакција од општината.

 

Aнгел Данов

Додади коментар