Транспортерите на руда за „Фени“ втор ден на протест си ги бараат парите
20-02-2018 РЕГИОН

 

Втор ден транспортерите кои пренесуваа руда за „Фени индустри“ протестираа поради неисплатени побарувања од комбинатот. Тие и денеска го блокираа патот Кавадарци – Дреново во близина на „Фени“ во периодот од 12 до 15 часот.

 

„Бараме само да ни се исплатат долговите. Вечер на состанок ќе одлучиме за следните чекори и дали ќе протестираме и понатаму. Сме имале две - три средби. Мое мислење е дека сме далеку од некое решение. Денес во 17 часот имаме средба со вицепремиерот, што предлог има за нас ќе видиме. Ние не отстапуваме од нашето барање, си го бараме во целост стариот долг и понатаму да се преговара за работа, за цена и авансно плаќање за секое возење“, рече Трајче Пејовски, претседател на здружението на превозници „Кипер“ од Кавадарци.

 

Транспортерите имале за наплата од „Фени“ околу четири милиони евра.

 

Вчера стигнаа оптимистички најави од вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, дека транспортерите и Џи сол ќе успеат да најдат заедничко решение за да продолжи фабриката со производство. /А.Д



Додади коментар