Тракторист загина во сообраќајна несреќа
09-07-2020 РЕГИОН

Шеесет и девет годишниот Б.Г утринава загина во сообраќајна несреќа откако во тракторот кој што го управувал удрило патничко моторно возило. 

 

Сообраќајната несреќа се случила над градските гробишта во Кавадарци близу до „Југокомерц“. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот кој бил пренесен во кавадаречката болница.

 

Ова е втора сообраќајна несреќа во Кавадарци за неколку часа. Синоќа исто така загина 28 годишно момче по сообраќајна несреќа, управувајќи трактор.

 

А.Д



Додади коментар