Среда 23 октомври, неработен ден за сите граѓани

Среда, 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен за сите граѓани на Републиката, објави Министерството за труд и социјална политика.

 

Министерството воедно и го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

До крајот на годината неработни денови за сите граѓани на Македонија се:

- 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од католичка веросиповед

25 Декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември,сабота,  Ден на настава на турски јазик

Додади коментар