Со автомобил влетал во парфимерија во Неготино

 

Со Ауди влетал во излог од парфимерија . Причинета е само материјална штета .

Вчера окoлу 07.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино  патнички автомобил „Ауди А3“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.С.(23) од Неготино, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во излог од парфимерија. Притоа, била направена само материјална штета, нема повредени лица.

 

Извршен е увид на местото на настанот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољув Додевски.

Додади коментар