Состојбата со водата за пиење се нормализира - за малите деца потребно е да се преврива за време на викендот
10-04-2020 РЕГИОН
Присуството на резидуален хлор во водата за пиење од системот Лукар постепено доаѓа до потребното ниво - велат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
 
 
Но сепак, поради топлото време,  кое ќе предизвика нагло топење на снегот околу изворите Лукар,  можно  е да дојде до заматување на водата за пиење.
 
 
„ Бидејќи претстои викенд,  а резултатите од денешните земени мостри на вода ќе бидат познати дури од понеделник, поради времето потребно за изработка, препораката од превривањето на водата пред нејзина употреба за пиење,  особено за помалите деца ќе важи и за време на викендот“ информираат од Центарот за јавно здравје.
 
А.Д
 
 

 



Додади коментар