Сообраќајна несреќа на патот Кавадарци- Неготино

Две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа што синоќа околу 20 часот се случлила на регионалниот пат Кавадарци-Неготино  кај местото викано „Антена“. Во несреќата учествувале три возила, ПМВ „Пежо“ со кавадаречки рег. Ознаки управуван од И.М (29) од Кавадарци, патнички автомобил „тојота аурис“ со неготински ознаки, управуван од М.Т (57) од Неготино и ТМВ  „Волво“ со  полуприколка „шмит“ со кавадаречка регистрација, управувано од Д.А (39) од неготинското село Пепелиште.

 

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, информира дека до несреќата дошло поради престигнување  од страна на возачот на „пежото“.

 

Увид на лице место извршила  увидна екипа од СВР Велес., а сообраќајот бил во прекин во времето од 20.15 до 21.55 часот.

А.Д



Share

Додади коментар