Советот на општина Кавадарци ја одржа редовната 28 седница
20-03-2015 РЕГИОН

 По повеќе од час доцнење заради комисијските расправи денеска Советот на општина Кавадарци ја одржа дваесет и осмата редовна седница на која советниците  од Социјал демократскиот сојуз на Македонија за Кавадарци реагираа за ненавременото доставување на материјалите и записникот од претходната седница. 

 

Во продолжение без расправа  со  11 гласа 3а и 6 против  беше  усвоена предлог Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Кавадарци за 2015 година .  Во врска со одлуката за одредување на приоритетни проекти за користење на средства  од Европската Унија ИПА грантот за рурален развој беа одредени три приоритетни проекти и тоа: проект асфалтирање  и поплочување на улици и тротоари во селата марена, Дреново , Ваташа, Сопот и Глишиќ, пото проектот „реконструкција и интервенции на локалните патишта за селата Раец, Дреново, Ресава  Возарци и Рожден  и  проектот за замена на 400 улични светилки со штедливи флуросцентни светилки во селата Ваташа, шивец, Возарци, Дреново, Сопот, Марена, Ресава, Бегниште , Дабниште, Бохула, Чемерско, Крњево, Долно Бошава, Горноп Бошава, Конопиште, Рожден, Мрежичко, Мајден, Фариш, Страгово, Гарниково и Бојанчиште.  За овие приоритетни проекти од Европската Унија ИПА програмата ќе се обезбедат 260 000 евра. Советниците  за приоритетни  проекти не ги усвоија амадманите од советникот Горан Белевски  за изградба на  патот во должина од 850 метри  кој ги поврзува  селата Горно и Долно Бошава  и патот од населбата Голеш до селото Шешково.

 

                Во продолжение на седницата советниците без расправа едногласно  ја усвоија одлуката за ослободување  од плаќање надомест  за уредување на градежно земјиште што беше една од дополнетите точки на дневниот ред како и предлог програмата за работа на јавната општинска установа „Дом на култура“ за 2015 годин која еднаш беше одложена, на оваа седница повторно беше одложена заради неисполнети услови за законските рокови. Денеска советниците  ја усвоија и одлуката  за започнување на постапка за доделување на договор за концесија за давање на услуги на паркирање на Општина Кавадарци. Постапката за доделување на договор за концесија се спроведува преку отворен повик согласно Законот за јавни набавки а критериум за избор на најповолна понуда е концесискиот надомест од 100 бода.  Оправданоста од доделување на договор за концесија произлегува од потребата од одржувањето и користењето на јавниот простор и потребата од воспоставување на организиран режим на паркирање преку користење на затворените паркинзи и јавните површини – зонско паркирање со огле дека Општина Кавадарци не располага со буџетски фискален капацитет кој може да обезбеди рфикасен начин на одржување и користење  на јавниот простор за паркирање.  

Мирјана Мукаетова

Додади коментар