Советот на Градско ја одржа 12-та седница - усвоена нацрт верзијата на стратегијата за развој
08-11-2014 РЕГИОН

Нацрт верзијата на стратегијата за локален економски развој на Градско едногласно беше прифатена од советот на општината на вчерашната 12-та седница. Пред советниците претставник на Економскиот институт ја претстави содржината на овој документ,  кој го изработуваат за седум, од вкупно 9 општини во Вардарскиот плански регион.

Стратегијата ја содржи личната карта на општината, предностите за развој на економијата,капацитетите за развој на претприемништвото, на малите и средните претпријатија и на културата, спортот. Дел од советниците изнесоа забелешки по однос на стратегијата кои ќе можат да ги достават до изготвувачите и доколку се издржани ќе се најдат во финалната верзија на овој значаен докумнет за развој на општината.

Со цел младите да бидат повеќе застапени во носењето одлуки беше усвоена и одлука за промена на статутот на општината, а веднаш потоа едногласно советниците одлучија да се основа Совет на млади на општина Градско.

Со 6 гласа за и 2 против поминаа и измените на одлуката за извршување на буџетот за 2014 госина. Едногласно советниците ги прифатија програмите  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на општинските патишта и улици во општината за следната година и за зимско одржување на локланите улици и патишта за сезоната 2014/2015. Советот донесе и оперативен план за заштита од снежни намети, лавини и луњи за 2014 и програма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општината за 2015 година.

Во рамки на 12-та седница едногласно беше донесена и програмата за работа на комисијата за еднакви можности на мажите и жените за следната година, а со 7 гласа за и 1 воздржан акциониот план за енергетска ефикасност на општина Градско за 2015 година.

Се разгледуваше и проблемот околу наплатата на вода на жителите од селата кои имаат бунари а добивале според нив, виоски сметки за вода. Беше одлучено комисјата за комунални дејности на општината да го разгледа овој проблем и да се донесе одлука за следните чекори.

 

Ангел Данов

Додади коментар